Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, денеска во Скопје ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.
На седницата, како што соопштија од Стопанска комора на Северна Македонија, лидерите на коморите од регионот ќе дискутираат за клучните приоритети во активностите на Коморскиот инвестициски форум во 2025 година, имајќи го во вид отпочнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.
- Со усвојувањето и имплементацијата на стандардите на ЕУ, како основа на мерките во рамките на Заедничкиот регионален пазар, Акцискиот план служи како важна пристапна порта кон единствениот пазар на ЕУ во многу сектори и како алатка за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ, и затоа вклучување на стопанските комори од регионот со активности, преку КИФ во овој процес, е од клучно значење за максимизирање на придобивките, се вели во соопштението.
Меѓу другото во соопштението најавено е дека се продолжува со активностите после новогодишните празници, а ќе започнат со две значајни работи. Прво во Скопје ќе се одржи работна средба на Асоцијацијата на Балкански Комори (АБК), на која исклучиво ќе се разговарало за развојот на инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизниот, особено за железницата која е, како што стои во соопштението, рак рана на транспортот како важна алатка во нашето работење.
На домашен план, најавено е отворање на Институтот за извоз кој што произлезе од проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД, со новиот состав на Националниот совет за извоз како обединувачко тело на приватниот и јавниот сектор во делот на извозот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса