Седница на Уставен суд
– Осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на денешната 41. седница на Уставниот суд.
На дневен ред е иницијативата поднесена на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Според наводите во иницијативата оспорениот член од Законот e во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3, членот 9, член 32 став 3, членот 51 и член 64 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителите на иницијативата сметаат дека со оспорената одредба се врши дискриминација и се нарушува владеењето на правото кон вработените во буџетските корисници од централната власт кои работеле во органите и структурите за управување со инструментот за предпристапна помош ИПА, а кои правото на плата не го остваруваат под услови и критериуми утврдени со Законот за административни службеници. Така, на вработените во Министерството за внатрешни работи кои работат во структурите за управување со инструментот за претпристапна помош ИПА правото на плата го остваруваат според Законот за внатрешни работи, на вработените во Царинска управа според Законот за Царинската управа, на вработените во Управата за јавни приходи според Законот за Управата за јавни приходи итн.
На денешната седница, меѓу другото, се и иницијативите поднесени за членови од Законот за стечај во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано“, за Законот за медијација, како и за Правилникот за начинот на службено оценување на активниот воен персонал, активниот резервен персонал и за офицерите односно подофицерите и војниците во резервниот состав на Армијата на РСМ, начинот на водење на евиденција потребна за службено оценување и видовите на обрасците на оценувачкиот лист.
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM