Седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 15. седница на која треба да бидат разгледани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука.
Уставните судии, меѓу другото, ќе расправаат за иницијативите со кои се оспоруваат одредби од Законот за работни односи кои се однесуваат на правото на платен неделен одмор, на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје, на Законот за судските такси, на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, на Правилникот за технички преглед на возила на Министерството за внатрешни работи.
На дневен ред е и оспорено Решение на Совет на Општина Македонска Каменица, како и поднесеното барање за заштита на слободите и правата што се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, поради невакцинираност, кршење на правото на слобода на совеста и уверувањето во штетноста на вакцините.
Уставниот суд ќе одлучува по предлогот за укинување на член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
