Македонија
17. February 2021 - 8:42

Седница собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи својата 13-та седница.

На дневениот ред на оваа седница преостануваат за разгледување предлозите на законите за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование и кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Двата законски предлози се по скратена постапка и во второ читање.