Македонија
5. May 2022 - 8:27

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за европски прашања.

Годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година и на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа  инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2021 година, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците членови на Комисијата ќе расправаат и по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија.

Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања е Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета