Седници на неколку собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Комитетот за односи меѓу заедниците.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправа за определување коефициент за утврдување на платата на претседателот и на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2019 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 година,
Годишен извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, Годишен извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2019 година и Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2019 година.
Комитетот за односи меѓу заедниците треба да утврдуват Агенда на активности и да усвојат Програма за работа на Комитетот во текот на 2021 година.
На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред се 11 закони. Пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, за изменување на Законот за ловството, измени и дополнувања на Законот за рибарство и аквакултура, измени на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, измени на Законот за органско земјоделско производство, измени на Законот за квалитетот на земјоделските производи, измени на Законот за шумите, измени и дополнување на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи, измени на Законот за здравјето на растенијата, измени и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и измени и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, сите во прво читање.
Ново на Сител
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран