Македонија
25. March 2024 - 7:48

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за финансирање и буџет

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет. 

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за виното, во второ читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност во прво читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во второ читање и за кого има поднесено еден амандман. 

На Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија, во второ читање.