Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за одбрана и безбедност и за прашањата на изборите и именувањата.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, на Законот за возила, на Законот за државната статистика, на Законот за трговските друштва, на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали..., сите во право читање.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог - законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во второ читање.
Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе ги утврди Предлог - одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал и Предлог - одлука за дополнување на Одлуката на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
