Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, во прво читање и за Предлог -одлуката за одржување надзорна расправа на тема: „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, во прво читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-измените и дополнувањата на законите за Државниот инспекторат за земјоделство, за јавен долг, за студентскиот стандард и за народниот правобранител, сите во прво читање. Членовите на оваа комисија ќе дебатираат и за Предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, во прво читање.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка