Седници на три собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка, во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, во скратена постапка. Предлог-законот е поднесен од пратениците Мартин Костовски, Дарко Каевски, Фаница Николовска, Диме Велковски, Арбер Адеми и Фадил Зендели.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во читање е единствена точка на дневен ред на Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните