Фудбал
5. February 2017 - 11:01

Седум гола на Наполи во дуелот против Болоња

 Во воведниот натпревар од 23.коло на италијанската Серија А, одигран синоќа, фудбалерите на Наполи забележаа убедлива победа на гостувањето кај Болоња со 7-1.
 
Словакот, Марек Хамшик и белгискиот репрезентативец Дриес Мертенс постигнаа по три гола, а во листата на стрелци се запиша и Лоренцо Инсиње. Почесниот гол за домаќините го постигна Василис Торосидис.
 
Денеска ќе се играат осум натпревари, меѓу кои и дербито во Торино, каде Јувентус го пречекува Интер во терминот од 20 часот и 45 минути.
 
Претходно ќе играат: 
Милан – Сампдорија (од 12.30 часот), 
Пескара – Лацио, 
Џенова – Сасуоло, 
Емполи – Торино, 
Киево – Удинезе, 
Аталанта – Каљари (од 15 часот), 
Палермо – Кротоне (од 18 часот),
 
Последниот меч од ова коло на програмата е во вторник, а во него Фиорентина ќе биде домаќин на Рома.
 
Табела: Јувентус 51 бодови (-1 натпревар помалку), Наполи 48, Рома 47, Интер 42, Лацио 40, Аталанта 39, Милан 37 (-1),..