Седум инфаркти за две недели во Делчево
Зголемен е бројот на дијагностицирани инфаркти во делчевската Итна медицинска служба. Во период од две недели овде се дијагностоцирани седум инфаркти кај лица кои се на возраст од 50 до 70 години, информира раководителот на делчевската Итна медицинска служба, д-р Гоце Стојменовски.
- Мора да потенцирам дека претходниот месец немавме ниту еден случај со миокарден инфаркт, а овие две недели имаме седум случаи на миокарден инфаркт и на субакутен, бидејќи пациентот се јавил подоцна на лекарски преглед. Станува збор за популација од 50 до 70 години, апсолутно сите се хронични болни. Кај сите пациенти е реагирано на време со соодветна терапија и сите пациенти се навреме транспортирани до Скопскиот клинички центар и животот им е спасен, рече д-р Стојменовски.
Тој додаде дека оваа здравствена патологија оди рака под рака со дисциплираниот живот на кардиоваскуларните болни, односно како причина за овие инфаркти е прескокнување на редовната терапија, но и внесување мрсна и солена исхрана.
Д-р Тонкица Петровска, специјалист интернист истакна дека стресот има големо влијание и овој период, како што рече, со променливи и ниски температури негативно влијае кај пациентите со срцеви проблеми.
- Ние препорачуваме редовните прошетки да не ги прават рано наутро кога се ниски температурите, туку подоцна во текот на денот. Исто така да немаат физичка работа, да не цепат дрва што е карактерстично за овој регион, рече д-р Петровска.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани