Седум општини во Југозападниот плански регион добија енергетски ефикасни објекти

Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во општините Струга, Охрид, Кичево, Дебрца, Вевчани, Пласница и Центар-Жупа беа во фокусот на Југозападниот плански регион изминатава година, за што од централниот буџет се инвестирани 16,5 милиони денари.
Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека во четири училишта и три градинки се подобрени условите за работа на 4.500 корисници.
- Во седум јавни објекти од кои четири училишта и три детски градинки се подобрија условите за работа на 4.500 дирекни корисници, преку санација на покриви, замена на столарија, изолација на фасади и вградување системи за греење, истакна Лозаноска.
Центарот за развој на Југозападниот плански регион, заедно со Советот на планскиот регион, најави дека ги утврди приоритетните проекти за следната година.
- Акцент е ставен врз подобрувањето на комуналната, патната и туристичката инфраструктура во регионот, како и зголемувањето на енергетската ефикасност на објекти од општ интерес, за што постои особен интерес кај општините, изјави Лозаноска.
За оваа намена од државниот буџет очекува да бидат издвоени околу 17 милиони денари.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
