Седумдесетти роденден на Друштвото на писателите на Македонија
Друштвото на писателите на Македонија денеска одбележува 70 години постоење. На денешен ден во 1947 година ДПМ е формирано како професионално здружение на писателите од Македонија од страна на: Васил Иљоски, Блаже Конески, Ристо Крле, Славко Јаневски, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.
Македонската писателска асоцијација има 540 членови, од кои 30 писатели членуваат повеќе од половина век.
ДПМ го издава списанието „Стожер“ и ги доделува годишните награди за најдобри остварувања во: поезијата - „Ацо Шопов“; прозата - „Стале Попов“; критиката и есеистиката „Димитар Митрев“; за најуспешна книга за деца - „Ванчо Николески“, како и наградите „Книжевен жезол“ - за поетски опус со високи естетски вредности и „Книжевен мост“ - за дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија.
Седумдеценискиот јубилеј ДПМ ќе го прослави в четврток, 16 февруари, со свечен собир на кој, меѓу другото, ќе бидат врачени и наградите за најдобри книжевни остварувања во 2016 година
Ново на Сител
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп