-->
-->
Седуммина повредни при железничка несреќа во Германија
-->
Седум лица се полесни повредени кога патнички воз излета од шините во близина на местото Штадторда во источниот дел на Германија, соопшти денеска германската железница „Дојче бан“.
Несреќата, што се случила на пругата меѓу градовите Гера и Јена-Гешвиц во покраината Тиринген, била предизвикна од наносите на кал на шините до кои дошло поради силното невреме што го зафатило тој регион.
Сообраќајот на пругата е во прекин, а според најавите од „Дојче бан“ се очекува тој да биде нормализиран најдоцна до утре во претпладневните часови.
Невремето проследено со пороен дожд предизвикало и поплави по улиците и во подрумските простории во повеќе градови во тој дел на Тиринген.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница