-->
-->
СЕХА Ф4: Вардар - Загреб полуфинале бр.4
-->

Ракометарите на Вардар и на Загреб попладнево во Брест по четврти пат ќе играат меѓусебе во полуфиналето на завршните турнири од СЕХА лигата, инаку имаат одиграно уште два натпревара (едно финале и еден дуел за трето место). Македонскиот шампион Вардар има три победи во полуфиналните натпревари (на сите дуели), додека Загреб има две победи (финалето 2013 и дуелот за третото место 2015). Ова се единствените два тима кои учествувале на сите шест завршни турнири сметајќи го и годинашниов.
Дуелот Вардар – Загреб е првото полуфинале на Ф4 турнирот во Брест и почнува во 17:30 часот, додека во второто полуфинале ќе играат шампионот Веспрем и домаќинот Мешков Брест. Почетокот на овој натпревар е во 20 часот.
Титулата ја брани унгарскиот првак Веспрем, додека Вардар натпреварите од регуларниот дел на шампионатот ги заврши како првопласиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
