-->
-->
СЕХА лига: Вардар со победа и второ место патува за Вараждин
-->

Екипата на Вардар оствари победа на последниот натпревар од лигашкиот дел од СЕХА лигата откако попладнево славеше на гостувањето кај белорускиот тим Мешков Брест со 32:30. Вардар на ова гостување играше со девет играчи, од кои двајца беа голмани. Со оваа победа Вардар заврши на второто место на табелата, веднаш зад првакот Веспрем и следен ривал на македонскиот шампион во Лигата на шампионите.
Најефикасни на дуелот беа „вардарците“ Лука Циндриќ со 9 и Дејан Манасков со 8 голови.
Двете екипи веќе во петок ќе бидат дел од завршниот турнир што ќе се игра во Вараждин. Во првото полуфинале од 18 часот Мешков Брест игра против Веспрем, додека од 20:30 часот е дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб.
Во недела се играат дуелите за третото место и финалето.
Конечна табела: Веспрем 50 бодови, Вардар 44, ППД Загреб 42, Мешков Брест 36, Татран Прешов 28, Нексе 25, Војводина 15, Борац 11, Спартак 10, Макс Струмица 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
