-->
-->
СЕХА: Вардар го пречекува Татран Прешов
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар по вчерашниот дуел од Лигата на шампионите утре го очекува нов натпревар, но во СЕХА лигата против словачкиот првак Татран Прешов. Двата тима во ова натпреварување имаат по три победи и се во групата екипи со 9 бодови.
На денешниот прес тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез изјави:
- Вчера имавме тежок натпревар. Татран Прешов е добра екипа и ние ги почитуваме сите екипи. Со победа ќе бидеме први во СЕХА лигата, како што сме и во групата од Лигата на шампионите. На вечерашниот тренинг ќе ја знам состојбата со тимот и по тренингот ќе решам со кој состав ќе игра Вардар утре.
За голамнот Страхиња Милиќ, ваквиот ритам на натпревари во мовој момент е и добредојден.
- Ова се натпревари на кои се воигруваме. Ривалот е за респект, а со максимална мотивација резултатот треба да биде на наша страна.
Дуелот Вардар – Татран Прешов се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот.
Двете екипи по три одиграни натпревари имаат по три победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово