-->
-->
СЕХА: Вардар убедлив против Горење
-->
Ракометарите на Вардар, кои се актуелни шампиони во СЕХА лигата попладнево ја постигнаа и втората победа во ова натпреварување откако на домашен терен го совладаа словенечкиот тим Горење со 32:19 (12:11). На денешниот натпревар поради повреда не играше Лука Циндриќ, а меѓу подобрите на теренот беше Игор Карачиќ.
Во првиот дел Горење даваше силен отпор на „црвено-црните“, но во второто полувреме европскиот првак беше на вистиското ниво и стигна до убедлива победа. Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со пет голови.
На вториот дуел од 2.коло одигран вечерва Нексе - Војводина 33:28.
Вардар следниот натпревар од СЕХА лигата го игра во петок на домашен терен со Мешков Брест, додека утре во рамките на 2.коло Металург гостува кај Динамо Панчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место