Ракомет
11. September 2016 - 22:06

СЕХА: Веспрем го совлада Металург

Актуелниот шампион на СЕХА унгарски Веспрем од двете гостувања во Скопје се враќа со една победа. По вчерашниот пораз од Вардар, вечерва Веспрем го совлада македонскиот вицепрвак Металург со 23:20. 

Изедначено беше до 24.минута кога беше 8:8, но до крајот на првиот дел гостите од Унгарија се одлепија на четири разлика (14-10). Оваа предност ја зачуваат до крајот на натпреварот. Марко Нелоски кај Металург со 4 голови беше најефикасен, додека Драган Гајич беше најефикасен на дуелот со 5 голови.
На вториот натптревар одигран денеска Горење го победи Нексе со 24-20.
Македонските екипи следните натпревари ги играат во вторник Вардар против ППД Загреб во Скопје, а Металург во среда ја пречекува екипата на Мешков Брест.
Вардар е прв на табелата со 7 бодови (3 натпревари), Цеље и Веспрем имаат по 6 бодови. Металург по два одиграни натпревара е без бод.