Македонија
27. January 2021 - 10:36

Сеизмолошка со детали за петте потреси во Маврово: Најсилниот бил 3.7 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, регистрирала серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 km југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар - Тетово. Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа:

  • во 01:36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 02:29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 02:48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 03:39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка скала и 

  • во 07:44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка скала.