Сеизмолошка со детали за петте потреси во Маврово: Најсилниот бил 3.7 степени
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, регистрирала серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 km југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар - Тетово. Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа:
-
во 01:36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала,
-
во 02:29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,
-
во 02:48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,
-
во 03:39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка скала и
-
во 07:44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи