-->
-->
Сеизмолошка: Земјотресот во Грција е почуствуван на целата територија на земјава
-->
Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, вечерва во 19 часот и 38 минути регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 килоеметри јужно од Скопје, во соседна Грција.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со локална магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци, земјотресот е почуствуван на целата територија на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотесот бил близина на грчкиот град Лариса, јужно од Еласонас, каде што вчера беше регистриран потрес со јачина од 6 степени според Рихтер, кој предизвика материјални штети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
