Сека Алексиќ: Ако наскоро не родам бебе, ќе посвојам

Сека Алексиќ и Вељко Пиљкиќ се во брак од 2010 година и пејачката откри дека нејзиниот брак толку опстојува е што не дозволила бракот да и биде јавна сцена.
Нејзинио сопруг е нејзина последна желба и нејзина љубов до крајот на животот. Она за што пати пејачката е дете кое се уште немаат, но се одлучни во тоа и ако наскоро не роди бебе, таа ќе посвои.
-Никогаш нема да ја заборавам тагата кога имав вонматерична бременост. Тоа е болка што не се опишува. Едноставно, не сакав да станам. Мојот психолог почна да доаѓа и со денови долго разговаравме. Ми беше подобро, но не целосно, зошто се уште не бев подготвена за работа и публика. И Вељко и јас бевме скршени, но и натаму силно сакаме да добиеме дете и верувам дека тоа ќе се случи во вистински момент, рече Сека за „Пулс“, и додаде дека покрај биолошките деца, би сакала еден ден да посвои дете.

-Би посвоила дете. Апсолутно е неважно дали ќе биде момче или девојче. Еден ден кога ќе го прошириме нашето семејство и тоа ќе дојде на ред, рече Алексиќ.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
