„Сеќавања 2“ - изложба на цртежи од Родољуб Анастасов

Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Сеќавања 2“ со 40 цртежи кои се дел од колекцијата „Галерија Јустина и Родољуб Анастасов / Енформелска лабораторија 5“.
Галеријата е отворена во мај 2012 година со донацијата од 346 дела кои Родољуб Анастасов му ги подари на Музејот. Намерата е Галеријата циклично да го презентира целиот материјал кој го поседува. Во најголем број тоа се цртежи, графики и акварели од сите фази на уметникот.
- Нивната ликовна вредност е несомнена, особено ако се има во предвид дека тие активно партиципираат во формирањето на македонската современа ликовна уметност. Дел од нив се изложувани и инцидентно се репродуцирани, но голем дел се реално непознати и непубликувани. За таа цел предвидуваме сукцесивно да ги изложуваме делата од оваа збирка во рамките на просторот на Галеријата но и на други изложби организирани во нашата држава или во странство, соопшти Музеј на Град Скопје.
Особеност на годинашниот проект кој го носи поднасловот „Сеќавања 2“ е разговорот со Анастасов за периодот од 1959-1966 година кој е објавен во каталогот. Делови од овој разговор ќе бидат прочитани на отворањето на изложбата. Ова е последен дел од циклусот посветен на Енформелската лабораторија. „Галеријата Јустина и Родољуб Анастасов“ ќе продолжи со другите творечки циклуси од авторот кои се во нејзина сопственост.
Ново на Сител
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
