Здравје
5. May 2016 - 22:00

Секој ден 1 лимон повеќе - Резултатот неможете ни да го замислите

За многу кратко се исфрлаат вишокот килограми, и она што е најважно – се намалува обемот на стомакот, нозете и сите делови кои се обложени со сало!
 
Диетата трае 9 дена и се повторува наназад, што значи дека вкупно трае 17 дена. Се слабее околу 10 килограми и не е претерано строга.
 
За појадок: сите денови се јаде овошје по избор и количина неограничена. Овошјето мора да биде од еден вид и не смее да се комбинира. Ако изберете портокали, за тој ден мора да јадете само портокали и никако да не комбинирате на пример со јаболка или банани.
 
Количината на оброците ја одредувате сами, по можност треба да бидат помали од вообичаено.
 
За ручек варива по избор:
 
-грав, грашок и други мешунки
 
-спанаќ
 
-шопска салата без сирење
 
-туна и сос од домати и маслинки
 
-макарони со доматен сос
 
-2 парчиња интегрален леб со нискокалоричен намаз
 
За вечера по избор, (не смее леб) до 19 часот :
 
-таратур
 
-зелка салата
 
-краставица
 
-марула
 
-јајца, поретко
 
-разни комбинации од претходните намирници
 
РЕЖИМ:
 
ПРВИОТ ДЕН треба да се испие 1 литар вода со 1 исцеден лимон.
 
ВТОРИОТ ДЕН се пие еден литар вода со 2 цедени лимони.
 
ТРЕТИОТ ДЕН се пие еден литар вода со 3 цедени лимони…
 
… и се’ така додека да стигнете до 9.ден, кога се пие 1 литар вода со 9 цедени лимони.
 
Потоа се брои наназад: 10. ден е всушност 8.ден (1 литар вода и 8 лимони), 11.ден е всушност 7.ден (1 литар вода и 7 лимони), па 12.ден е всушност 6.ден (1 литар вода со 6 лимони) итн.