Секој ден јадел по еден килограм сланина - нема да верувате што се случило со него!
Во желба да се храни здраво и квалитетно, Ден Квибел одлучил во октомври 2015 година да премине на диeта и да јаде само сланина. Не само што ослабел 10 килограми, туку и значително го намалил обемот на половината.
Диетата со сланина верувале или не, помогнала да му се намали крвниот притисок, а го подобрил нивото на холестерол и состојбата на црниот дроб. Покраj ова, експериментот му донел уште неколку промени - имал многу повеќе енергија и можел да вежба подолго во теретана. Докторката не можела да верува кога ги видела резултатите од тестот.
- Не знам што да кажам, освен да продолжи да го прави тоа што го правел - бил советот на збунетата докторка.
Конечно можел да каже збогум на лесната храна заснована на овошје и зеленчук, која ја препорачуваат нутриционистите. Започнал со кељ а завршил со сланина. Го исфрлил лебот од исхраната, што не му било лесно, но љубовта кон сланината надоместила се.
- Веќе не се будам гладен секое утро. Можам да поминам пола ден и тогаш да направам појадок кога ќе имам време - рекол Квибел.
Сепак, оваа диета има и недостатоци, посебно за дијабетичарите. Сланината нема витамин Ц и други антиоксидантси кои го намалуваат воспалението и ризикот од хронични болести, тоа може да доведе до зголемување на крвен притисок и опасност од мозочен удар.
Кај оваа диета исклучително важно е да земате додатоци во исхраната. Ден користел магнезиум и калиум хлорид да ги избегне симптомите кои се јавуваат со јадење само на сланина.
За крај "кралот на сланината" ја открива тајната - морате да заборавите на тавата и да ја спремате само во рерна, која ќе ја загревате 40 минути на 350 степени.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите