Секс скандал го тресе Ватикан, откриен педофил меѓу кардиналите
Благајникот на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел беше сослушан од страна на претставници на австрлиската полиција во Рим, во врска со обвиненето за педофилија, кое беше покренато против него, кое тој категорично го отфрла.
- Полицијата во јули започна истрага за Пел. Тројца полицајци минатата недела допатуваа во Рим, за да извршат распит во врска со обвиненето за сексуално злосторство, се вели во соопштението на полицијата на австралиската сојузна држава Викторија.
Истрагата за свештеникот, која се уште трае, е покрената поради обвиненијата од двајца мажи на 40-годишна возраст, кои тврдат дека биле злоставувани од кардиналот во текот на летото 1978-1979 година во базен во Баларат, местото каде работел и пораснал Пел.
Кардиналот, кој во 2014 година е назначен за благајник на Ватикан, за да стави ред во управувањето и финансиите, категорично ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на заговор против него.
Пред неколку месеци Пол сведочеше преку видео-конференција од Рим пред австралиската истражна комисија.
Тој се интересираше како австралиската црква реагирала на обвиненијата за педофилија на свештеници, кои датираат во поголемиот дел од 70-тите години на минатиот век.
Пел одрекува дека знаел за случаите на педофилија, но призна дека во Црквата имало периоди во кои се вршеле престапи и нивно прикривање.
На почетокот на август папата Франциско изјави дека има сомнежи, односно обвиненија против Пел.
Тогаш тој истакна дека треба да се почекаат резултатите од истрагата и да се избегне каков и да било „медиумски процес“ против кардиналот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот