Сектор Туризам: Нека повелат пратениците да видат како е да се живее без плата
По денешното одложување на собраниската седница на неодредено време и повторното одложување на усвојување на петтиот пакет мерки за помош на фирмите, како и изјавата на пратеникот Скендер Реџепи, дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари, бидејќи поважен е законот за државјанства, секторот туризам чувствуваше неодложна потреба да реагира.
Додека нас ни пристигнуваат опомени од УЈП за нереализирана плата за месец февруари и не знаеме што да правиме, бидејќи пари нема, сметаме дека овие денешни случувања се крајно загрижувачки и испраќаат негативна порака до нас како сектор и општо како граѓани на оваа земја, и ни даваат до знаење дека сме оставени на милост и немилост без никаква солидарност и разбирање за сериозноста на кризата со која се соочуваме, велат од туризам.
Бидејќи пратениците очигледно не знаат како е да се живее и преживува во оваа ситуација, ги повикуваме да повелат во било која отворена туристичка агенција во земјава и да видат какво е секојдневието и како се живее без плата и работа.
Ги замолуваме да си ја сфатат работата професионално и согласно нивната одговорност кон нас, да престанат со негативни пораки и конечно да ги усвојат мерките за помош кои доцнат веќе цел месец. Во спротивно сите декларации за плата ќе бидат доставени во Собранието, заедно со ваучерите за туризам, бидејќи нашите агенции нема повеќе да постојат.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час