Македонија
16. March 2017 - 12:30

Села: Заев бара да бидам претседател на Собранието

Додека, од една страна, СДСМ тврди дека нема договор за претседател на Собранието, а од друга, ДУИ тврди дека претседател на Собранието првпат во плурална Македонија ќе биде Албанец од ДУИ, лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, во интервју за струшка телевизија изјави дека тој ја одбил понудата на СДСМ да биде претседател на парламентот, пишува Дневник.

- Од партијата, но и од СДСМ, добив понуда да бидам претседател на Собранието, но одбив - вели Села.

Тој додаде дека ќе биде дел од владата на Заев доколку Ахмети и Kасами прифатат да учествуваат во владата.

Зијадин Села беше топ тема во последните неколку денови со своите анти-македонски изјави во кои тврдеше дека Македонците немаат свој идентитет и дека тој не ги почитува македонското знаме и македонската химна.