-->
-->
Селекторот „аферџија“ на чело на Кристал Палас
-->

Сем Алардајс е нов менаџер на Кристал Палас, објави премиерлигашот на својата интернет страница.
Поранешниот англиски селектор на клупата на Кристал Палас го наследи Алан Пардју кој доби отказ вочетвртокот поради лошите резултати.
Алардајс минатат сезона успеа со Сандерленд да избори опстанок, а потоа беше именуван за селекторт на Англија.
Селектор беше само на еден натпревар, а потоа поднесе оставка поради скандалот кој беше откриен од медиумите, односно снимката на која се гледа Алардајс како советува наводни менаџери како да ги заобиколат трансфер правилата во Премиерлигата.
Пардју со Кристал Плас успеа да освои само 15 бодови од почетокот на сезоната поради што клубот е на 17-то место на табелтата, блиску до зоната на испажање.
Дебито во новиот клуб Алардајс може да го има в понеделник кога Кристал Палас ќе гостува кај Вотфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
