-->
-->
Селекторот Лазаров ќе повика 35 ракометари пред дуелите со Луксембург и Турција
-->
Машката ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат квалификациски дуели за ЕП со Луксембург и Турција. СЕлекторот Кире Лазаров денеска објави поширок список со 35 ракометари за овие средби.
По поразите од селекцијата на Португалија против која настапивме со подмладен состав, селекторот Лазаров одлучи за овие натпревари да ги повика искусните Филип Талески и Гоце Георгиевски додека на списокот повторно го нема Дејан Манасков кој засега не е во комбинација.
На кои играчи ќе смета за овие дуели Лазаров ќе одлучи најверојатно пред самите средби кога и ќе го скрати списокот.
Да потсетиме Македонија на 26. Април ќе му гостува на Луксембург додека 4 дена подоцна ја пречекуваме Турција.
Во групата лидер е Португалија додека Македонија и Турција имаат по четири бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада