Loading Video...
Фудбал
13. September 2022 - 19:51

Селекторот Милевски повика 27 фудбалери за дуелите со Грузија и Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација од денеска и официјално е во акција за следните средби од Лигата на нациите со 
Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц .
 
На програмата е гостување во  Тбилиси, а домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски на го соопшти списокот на прес конференција и рече дека повикал 27 играчи бидејќи поголемиот дел од репрезентативците се во лоша форма или имаат мала минутажа.