-->
-->
Селекторот на Шпанија, Лопетеги нов тренер на Реал
-->
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Хулен Лопетеги е новиот тренер на Реал Мадрид.
Информацијатан преку соопштение на својата официјална веб страна ја потврдија од редовите на „Кралскиот тим“, наведувајќи дека договорот ќе биде потпишан по Светското првенство во Русија и ќе трае три години.
Лопетеги (51) е поранешен голман, кој има одиграно само еден натпревар за Реал Мадрид од 1988-1991 година. Новиот ментор на „кралскиот“ клуб исто така играше за Барселона во периодот 1994-97, во кој запиша пет натпревари за Каталонците.
Тренерската кариера ја започна во репрезентацијата на Шпанија до 17 години, а потоа ги води Рајо Ваљекано, Реал Мадрид Б (2008-2009), репрезентациите на Шпанија до 19, 20 и 21 година, Порто (2014-16), а од 2016-та е на чело на сениорскиот тим на Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип