Македонија
2. August 2015 - 8:47

Семакедонска илинденска средба - Трново 2015

Семакедонска илинденска средба - Трново 2015 ќе се одржи денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново.

Организатори на средбата во која се обединети 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. 
Семакедонската средба  ќе почне со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен. Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија. 
Најавена е богата културно-уметничката програма со настапи на повеќе културно уметнички друштва.