Македонија
15. January 2022 - 16:42

Семејна драма на Бит Пазар: Зетот ги нападнал со нож

18-годишник од Скопје пријавил дека неговиот зет со нож ги нападнал него и брат му. 

- На 14.01.2022 во 20.30 часот М.Ј.(18) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, поради семејно нетрпение, нивниот зет К.А., кој имал и остар предмет, физички ги нападнал него и неговиот брат О.Ј.(23), по што пријавителот бил физички нападнат од уште две лица, соопши МВР.

Се работи на расчистување на случајот.