Семејна драма во Џепчиште, син истепал татко
Со повреди по главата и исеченици на десната надлактица и десното рамо се здобил И.Л.(68) од тетовското село Џепчиште по семејното насилство што синоќа нешто пред 22 часот и 30 минути врз него го извршил неговиот син Е.Л.(33) со кого живееле зедно во иста куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, таткото и синот започнале вербална расправија откако синот го паркирал возилото на тревникот во дворот од заедничката куќа. Расправијата брзо излегла од контрола по што синот најпрвин со тврд предмет повеќепати го удрил татко му по главата а потоа со остар предмет му нанел расеченици на десната надлактица и десното рамо.
Повредениот бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување додека синот бил приведен во полициската станица Тетово и по извршениот разговор , во координација со јавниот обвините, бил пуштен.
На местото од инцидентот бил извршен комплетен увид при што биле подигнати траги за вештачење, а по утврдувањето на точниот вид на повредите и расчистување на целиот случај против синот ќе има соодветен поднесок, најави Јосифовски.
Според податоците на полицијата, во изминатите осум месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје кривично пријавени се 39 случаи на семејно насилство во кои биле инволвирани 38 сторители. Јосифовски посочи дека при овие инциденти станува збор за посериозни случаи на ваков вид насилство со континуирано психичко и физичко малтретирање и со нанесување телесни повреди. Во истиот периодот во Полициската станица Тетово регистрирани се и 26 поплаки кои се однесувале на семејно насилство и кои биле заокружени со писмено или усно предупредување зашто жртвите не барале кривичен прогон туку насилниците само да бидат предупредени.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп