Македонија
7. April 2023 - 16:06

Семејна драма во Ѓорче Петров: Малолетник ја тепал баба си

Малолетник ја тепал баба си, па се заканувал со остар предмет.

- На 06.04.2023 во 16.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров привеле малолетник од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 64 - годишна баба, а потоа со остар предмет упатил закани кон неа и неговиот татко, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.