Семејна трагедија: Во стан пронајдени безживотни тела на сопружници
Во изнајмен стан во ул. Занатлиска улица 21 во Аранѓеловац вчера во вечерните часови се пронајдени беживотните тела на Д.М. (53) и неговата сопруга Д.М. (51).
Според обвинителството станот бил заклучен од внатре, а сопружниците настрадале од огнено оружје.
Полицијата доби налог да го истражи случајот, а издаден е и налог за обдукција врз телата.
Соседите кои ја познавале оваа двојка, велат дека најверојатно се работи за убиство и самоубиство. Имаат и син кој во моментот не бил дома, а ќерката е мажена и живее ан друго место.
Што може да биде причина за трагедијата, никој не може да претпостави, зошто соседите не слушнале кавга.
Еден сосед додаде дека ќерката дента им се јавувала на родителите, но со часови никој не и одговорил. Потоа таа му се обратила нему да оди до станот да види што се случува. Чукнал на вратата и ги повикувал. Повикал полицијата која провалила и ја затекнала страотната глетка.
-Знам само дека беа заклучени и дека настрадале од огнено оружје, вели тој.
Сопружниците биле мирна двојка. Жената работела во дуќан за производство на слатки и пред 7 дена зела одмор.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“