Македонија
22. May 2024 - 12:24

Семејното насилство во галопирачки пораст

Семејното насилство се поприсутно во македонското општество. Последните податоци на невладината ЕХО од Штип, говорат дека за разлика од 2022-та, лани се бележи пораст од 1,7 пати или 288 жени пријавиле сека се жртви на физичко или психичко насилство.

-Со тенденција е оваа бројка да расте се повеќе, бидејќи забележавме дека се зголемува и економската зависност на жените, што допринесува тие да не пријавуваат или доколку пријават да се предомислат и подоцна да не бараат некој законски решенија или да не покренуват законски постапки“, изјави Бети Пеева од НВО-ЕХО, Штип.

Бројката е загрижувачка, додава Пеева и треба да се бара системски одговор. Семејното насилство е директна последица на родовата нееднаквост, а промените треба да настапат уште од најмала возраст.

-Кај нас се гледа тоа и по присуството колку има во студиото за танци. Повеќе доаѓаат девојчиња отколку момчиња и овде се гледаа таа родова поделеност, која ние со години се трудиме да ја искорениме, меѓутоа сметам дека самата промена треба да дојде од внатре, односно, треба младите од млади нозе да се подучуваат на една поголема толеранција кон себе и кон другите и самото опптество да ги прифати луѓето такви какви што се, изјави Рисима Рисимкин, проф. на Катедрата за современ танц при УГД.

-Се уште жените не се доволно вклучени, како во политичкиот живот, како и таму каде што се донесуваат одлуки. Може исто така да кажам дека и во приватниот живот не секогаш родовата еднаквост е таква како што сакаме да биде, изјави Елизабета Бошковска, програмски директор на ХЕРА.

Македонија има легислатива за родова еднаквост и таа е многу унапредена за разлика од претходните години, но треба уште многу да се работи.  На УГД преку перформанс, младите имаа можност да научат како да се зајакне родовата еднаквост.