Балкан
24. February 2016 - 21:29

Семејствата очајни: Погребот во петок - идентификувани телата донесени со авион

Телата на двајцата српски службеници кои загинаа во Либија, се донесени на Аеродромот во Србија. Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ едвај биле идентификувани. 

Посмртните останки пристигнаа вчера на Аеродромот Никола Тесла. Слаѓана била идентификувана по часовникот и нараквицата кои секогаш ги носела, додека Јовица по типичниот белег кој го имал на себе.

Погребот на Слаѓана и Јовица ќе биде во петок.