Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?

Семејството на Теодора Ристовска преку отворено писмо упати благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот и изрази надеж дека ќе има реакција од Судскиот совет, по изречената казна од две години затвор за возачот во сообраќајката во која нивната ќерка и сестра го загуби животот во 2022 година.
- Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора, велат во писмото од семејството Ристовски.
Тие во писмото го поставуваат прашањето зошто за случајот на Теодора немало интерес од граѓанските иницијативи кои се залагаат за борба против корумпираниот систем.
- Исто така јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како „Кој е следен“ немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а само наводно се борат против трулиот и корумпиран систем … Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само 2 години затвор за убиецот на сестра ми Теодора … Сметаме дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели и до толку повеќе уште еднаш јавно се заблагодаруваме на јасната и искрена поддршка на премиерот Мицкоски, која очигледно дека и веднаш почна да дава резултати, велат од семејството Ристовски.
Семејството изразува надеж дека јавноста и во иднина будно ќе продолжи да го следите судскиот процес за Теодора.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
