Семејството Салиу од кичевско Зајас наскоро со нова куќа
Со помош на печалбарите од село Зајас-Теќе , почна градбата на нова куќа на социјално загрозено семејство од оваа село во општина Кичево.
Жители од ова село, кои живеат и работат во Швајварија, здружени во хуманитарна организација „Зајас-Теќе”, знаеќи во какви лоши услови живее петчленото семејството Салиу во родниот крај, решиле да соберат финансиски средства од граѓани од ова село кои работат во Швајцарија, врз доброволна основа за да се реализира оваа хуманитарна акција.
– Нашата акција беше успешна, се собраа доволно средства. Започнавме со градба на куќата, а првата фаза наречена карабина успено заврши и сега во тек се работи кои се одвиваат во внатрешниот дел од куќата. Се надеваме дека пред почетокот на зимата оваа социјално загрозено семејство, благодарение на хуманоста на членовите на нашето друштво во Швајцарија, ќе успее да се всели во новата куќа, рече Лавдрим Сефери и додае дека и во иднина оваа хуманитарна организација ќе продолжи да помага секогаш кога ќе имаме можности.
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
