-->
-->
Семејството Шумахер ја загуби битката на суд
-->
Семејството на Михаел Шумахер деновиве е во вистински шок бидејќи најмалку што очекуваа е да биде одбиена нивната судската битка која ја водеше семејството Шумахер изминативе неколку години.
Во прашање е тужбата врз едно германско списание кое кобната несреќа на возачот на формула 1 го искористило за пласирање на информации во врска со неговото семејство.
„Die aktuele“ во 2015 година на својата насловна страница објавиле фотографија од сопругата на Михаел со наслов „Новата љубов Корина Шумахер ја прави среќна“, меѓутоа понатаму во текстот било напишано дека нејзината нова љубов било момчето на нивната ќерка Џини Марија Шумахер.
Семејството се одлучи да го тужи списанието бидејќи сметало дека по насловната страница се подразбирало дека тие двајца се разведуваат и дека таа има нов партнер.
Корина на суд порабара 50 илјади евра, но судот во Хамбург во петокот ја одби тужбата со образложение дека насловната страница не ги наведува читателите да мислат на тоа дека тие двајца се разведуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата