„Семос едукација” спроведува бесплатни вебинари за наставници

Тим стручни едукатори од „Семос едукација” како општествено одговорна компанија спроведуваат бесплатни вебинари за наставници од државата.
Со проектот, за работа во „Мајкрософт тимс“ ќе бидат обучени 1200 наставници од основните и средните училишта во РС Македонија.
-Во рамки на активностите од нашите општествено одговорни практики отпочнавме со обуки за наставници при што секој наставник ќе посетува пет поединечни вебинар-сесии. Станува збор за „Обука за обучувачи” – вебинари кои што ќе бидат снимени. Со овие вебинари е предвидено секој наставник кој ќе ја следи обуката, да ги искористи за да се подготви подобро, но и понатаму да го сподели стекнатото знаење со своите колеги, изјави Валентина Тасева, сопственик на „Семос едукација”.
Таа рече дека бесплатните вебинари се спроведуваат благодарение на соработката со Министерство за образование и наука со чии тимови во брз временски период се координирале и успеале да започнат реализација на еден ваков проект.
-Водени од мотото дека секое дете заслужува квалитетно образование, нашиот тим во последните две недели забрзано работеше на креирање програма која ќе овозможи споделување на нашето знаење и искуство во спроведување на онлајн-настава со наставниците кои се главен носител на воспитно образовниот процес. Во желба да им олесниме на нив да можат што побргу да продолжат со квалитетна настава, одлучивме да инвестираме време и средства за реализација на бесплатни вебинари, додаде Тасева.
Денеска се спроведуваат бесплатни сесии за наставниците и професорите од основните и средното општинско училиште од Крива Паланка, во кои се вклучени околу 160 вработени во овие воспитно образовни институции.
Тасева е и дел од Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” со која преку „Семос едукација” во 2019 година спроведоа повеќе бесплатни едукативни работилници за средношколците и младите невработени лица од нејзиниот роден град.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
