Свет
9. May 2017 - 9:18

Сенатот го потврди изборот на Хедер Вилсон за секретар на военовоздухопловните сили

Американскиот Сенат со 76 гласови „за“ и 22 „против“ го потврди изборот на Хедер Вилсон за секретар на военовоздухопловните сили.

Вилсон е поранешна конгресменка од Републикансклата партија од сојузната држава Ново Мексико. Таа има завршено Военовоздухопловна академија, а по напуштањето на Конгресот беше консултант во секторот на воената индустрија.

Номинациите на Трамп за секретари на копнените и военоморските сили се пролонгирани поради несогласувања. Пред неколку дена Марк Гријн, кој беше номиниран за секретар на копнените сили се повлече поради критиките на неговите изјави против хомосексуалците и муслиманите.