Сенатот на САД одново не успеа да го укине „Обамакер“
Репибликанското мнозинство во Сенатот на САД одново не успеа да обезбеди доволен број гласови за целосно или делумно укинување на Законот за здравствена заштита донесен од претходната демократска Администрација, познат како „Обамакер“.
Сенаторите синоќа со 45 гласа „за“ и 55 „против“ го одбија предлогот за целосно укинување на „Обамакер“ за период од две години, во кој Конгресот би требало да усвои нов закон за здравствена заштита.
Законот беше отфрлен откако седуммина сенатори републкиканци се изјаснија против ваквиот предлог.
Републиканците кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот на САД, а од јануари годинава ја контролираат и Белата куќа, најавија укинување на законот „Обамакер“, кој беше донесен во 2010 година.
Но, дел од сенаторите и конгресмените репубиликанци не се согласуваат со предлозите за измени на законот што ги предлагаат партиските лидери. Една група сенатори и конгресмени, кои припаѓаат на конзервативното крило на Републиканската партија, бараат целосно укинување на „Обамакер“, додека друга група од редовите на умереното крило на републиканците, се противат на кратење на буџетот за здравствена заштита регулиран со овој закон, сметајќи дека таквата мерка најмногу ќе ги погоди лицата со најниски примања.
Демократите од друга страна најавија дека нема да поддржат никаков предлог кој предвидува укинување „Обамакер“, но најавија подготвеност за постигнување компромис за негово подобрување.
Ново на Сител
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!