Сенатот на САД отфрли два предлог-закони за реформа на имиграциските закони
Американскиот Сенат отфрли два предлог-закони за реформи во областа на имиграцијата, со што уште повеќе се влоши состојбата на т.н. „сонувачи“, односно на лицата кои како деца илегално влегле во САД заедно со своите родители.
Нивниот статус е доведен во прашање посебно откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина законот ДАЦА на неговиот претходник Барак Обама, со кој се овозможуваше „сонувачите“ да продолжат да живеат и работат во САД, без страв од депортација.
Сенатот го отфрли предлог-законот предложен од сенатори и од Републиканската и од Демократската партија со кој се озаконува статусот на „сонувачите“, а за кој Белата куќа се закани дека ќе стави вети. За него гласаа 54 сенатори, а 45 беа „против“, но за усвојување беа потребни најмалку 60 гласа.
Потоа Сенатот го отфрли и вториот предлог-закон, поддржан од Трамп, за кого гласаа само 39 сенатори. При тоа гласање дел од републиканците гласаа против како и опозициските демократи.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ