Фудбал
24. April 2016 - 14:24

Серија А: Трајковски стрелец - Палермо победува

Екипата на Палермо во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски оствари важна победа во борбата за опстанок во Серија А. Во првиот денешен натпревар од 35.коло Палермо го победи Фросиноне на гости со 2:0, а Трајковски го постигна вториот гол (90+2 минута), додека стрелец на првиот гол беше Алберто Џилардино (56). Трајковски во игра влезе во 61.минута.

Инаку, за Палермо ова е прва победа по пауза од три месеци, а последната победа Палермо ја имаше над Удинезе и тогаш Трајковски влезе како резерва и постигна гол.
Палермо е на 18.место со 32 бода, колку што има и Карпи на 17.место, но и натпревар помалку.