Фудбал
5. April 2016 - 8:33

Серија А: Верона победи на гости кај Болоња

Фудбалерите на Верона ја победија Болоња на синоќешното гостување со минимални 1:0 и ги задржаа теоретските шанси за опстанок во Серија А.
 
Стрелец на единствениот гол беше Бразилецот Самир во 42.минута.
 
И покрај трите освоени бода, Верона е последна на табелата, но сега има 22 бода или шест помалку во однос на Карпи кој е прв тим над зоната на испаѓање.
 
Од друга страна, Болоња пропушти можност со триумф да се пробие кон средината на табелата. По 31.коло останува на 13.место со 36 бодови.
 
Резултати на другите натпревари од 31.рунда:
Лацио – Рома 1:4,
Удинезе – Наполи 3:1,
Аталанта – Милан 2:1,
Киево – Палермо 3:1,
Фиорентина – Сампдорија 1:1,
Џенова – Фросиноне 4:0,
Интер – Торино 1:2,
Јувентус – Емполи 1:0 и
Карпи – Сасуоло 1:3.
 
Лидер е Јувентус со 73 бодови, пред Наполи 67, Рома 63, Фиорентина 56,...